Home Актуелно Сончев есенски четврток

Сончев есенски четврток

Последниот четврток од месец октомври, времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од 2 до 11, а дневната од 15 до 24 Целзиусови степени.

Во Скопје во утринските часови ќе има појава на магла, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 6, а дневната ќе достигне до 19 степени. Маврово 15, Охрид 17, Крива Паланка и Берово 18, Битола 19, Кавадарци 21, Дојран 24.

Во петок и сабота ќе има зголемена облачност со услови за локален дожд во северните и североисточните делови од земјава. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени. Потоа во наредните денови времето ќе биде претежно стабилно со пониски утрински температури.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…