Home Актуелно Сончев октомвриски понеделник

Сончев октомвриски понеделник

Во Македонија, после делумно дождливата недела, денес продолжува трендот на сончево и топло есенско време. Овој понеделник, освен сонце, ќе има и мала до умерена облачност, а во утринските часови со магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Дневните температури ќе достигнат во Скопје 20 Целзиусови степени, Маврово 14, Охрид 17, Битола, Крива Паланка и Берово 19, Кавадарци 22, Дојран 24.

Прогнозата и за утре е сончево со мала облачност и со појава на утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Дневните температури ќе се движат од 14 до 24 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…