Home Актуелно Д-р Виктор Камнар си даде оставка од раководител на Клиниката за ортопедија

Д-р Виктор Камнар си даде оставка од раководител на Клиниката за ортопедија

Откако утрово д-р Виктор Камнар си поднесе оставка од раководната позиција на Клиниката за ортопедија, истата, која е дел од Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), остана без раководител.

Како што пренесува телевизијата, оставката Камнар ја поднел од лични причини.

Камнар раководеше со оваа установа повеќе од три години и за тоа време успеа на операционите сали да им даде нов лик, односно, по повеќе децении беше реновиран хируршкиот блок на ортопедија.

Кој ќе го наследи Камнар на раководната позиција засега не е познато.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…