Home Актуелно Нема веќе кинење сообраќајни казни и вртење телефони: Наместо „добар ден“ – „разговорот се снима“

Нема веќе кинење сообраќајни казни и вртење телефони: Наместо „добар ден“ – „разговорот се снима“

Според новите норми и регулативи во рамки на работната дејност на сообраќајните полицајци, наместо „добар ден господине“, веројатно првиот муабет ќе биде „разговорот се снима“.

Вака некако треба да започне вашата средба со сообраќаец доколку ве запре. Со специјални мини камери, на глава или рамо, сообраќајните полицајци ќе го снимаат работниот ден.

Тоа значи дека во иднина секој што е вклучен во сообраќајот ќе мора да внимава на правилата при возење, но и како ќе се однесува откако ќе биде сопрен од сообраќаец.

Опремата е донација на САД. Новината од денес се спроведува низ тетовско-гостиварскиот регион како пилот-проект во областа на сообраќајот.

Снимањето ќе се воведе и во другите полициски активности. – Полициските службеници ангажирани за контрола и безбедност во сообраќајот на тетовско-гостиварското подрачје веќе се опремени со мобилни системи за снимање со камера.

Тие ќе ги користат на терен при преземање на планирани мерки и активности.

На ваков начин ќе се снима, аудио и видео, целата комуникација помеѓу полициските службеници и граѓаните опфатени со контролни активности, вели Марјан Јосиофски портпарол на СВР Тетово.

На граѓаните ќе им биде кажано и објаснето дека нивната комуникација се снима и за која цел.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…