Home Актуелно Безос повторно продаваше

Безос повторно продаваше

Основачот и извршен директор на „Амазон“, Џеф Безос, оваа недела продаде акции од неговата компанија вредни над 3,1 милијарди долари, според извештајот до Комисијата за хартии од вредност.

Претходно оваа година, Безос продаде акции во вредност од над 4,1 милијарди долари во компанијата.

Продажбата оваа недела ја зголемува вкупната сума заработена со продажба на акции во 2020 година на нешто повеќе од 7,2 милијарди долари.

Тој и понатаму поседува повеќе од 54 милиони акции, вредни околу 170 милијарди долари, што го прави најбогатиот човек на светот.

Минатата недела „Амазон“ објави резултати за вториот квартал, кои ги надминаа очекувањата на аналитичарите, откако пандемијата на коронавирус поттикна Интернет шопинг, пренесува Biznisinfo.

Акциите на Амазон пораснаа за 73 отсто оваа година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…