Home Актуелно Со само 23 години Артина Ќазими ќе биде најмладата пратеничка во македонското собрание

Со само 23 години Артина Ќазими ќе биде најмладата пратеничка во македонското собрание

23-годишната студентка Артина Ќазими влегува во македонскиот собраниски состав од редовите на коалицијата Алијанса-Алтернатива и ќе биде најмладата пратеничка во новата пратеничка структура. Таа беше на листа во шестата изборна единица.

Оваа дваесет и тригодишна девојка од гостиварски Добри Дол, во изјава за ТВ 21, нагласува дека за разлика од нејзините врснички кои сакале мода, спорт или музика, таа се интересирала за вести и за политика.

Нејзина цел во парламентот ќе биде борбата против егзодусот на младите од државата преку обезбедување достојна егзистенција и иднина.

„Јас иако сум млада, имам 23 години, моја најголема грижа е тоа што младите од нашата земја, повеќето дипломирани, заминуваат во западните земји. Јас со моите способности и помош од институциите ќе се обидам да го запрам иселувањето и секој млад човек да се вработи во татковината и на соодветно место“,

вели Ќазими.

За разлика од неа, најстари пратеници во Собранието се 72-годишните Илија Николовски од коалицијата на СДСМ и Стојанче Миланов од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Синот на Џулијан Мур, Калеб Фројндлих, се ожени со својата долгодишна девојка Кибрија Морган!

Џулијан Мур сподели големи вести за нејзиното семејство! Во понеделникот (12 октомври), 65…