Home Живот и здравје „Ладна“ е повторно во мода

„Ладна“ е повторно во мода

Ладната фризура“ била ултимативен тренд во осумдесетите. Ако сте од помладата генерација, прашајте ги вашите мајки или баби и ќе ви кажат колку бил распространет и популарен.

Жените со часови седеле во фризерските салони, под „хауба“ за да ги добијат совршените кадрици. Две децении подоцна, кадриците се повторно „ин“.

Колку поубаво дефинирани и со волумен – толку подобро.

„Ладна“ односно „Трајната фризура“ сè уште се прави во фризерските салони и е предност доколку не сакате да се заморувате со секојдневно средување на косата.

Но, можете да ја добиете во една малку поинаква форма и со виткање на косата со фигаро или пак на старомоден начин со „крпчиња“. Тие пак што имаат природно кадрава коса имаат среќа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

5 работи што треба да ги знае секое дете на 5 години

Пет години – клучен период во развојот на детето Се смета дека возраста од пет годин…