Home Актуелно Извршителите од 24 јули продолжуваат со наплата на долговите од граѓаните

Извршителите од 24 јули продолжуваат со наплата на долговите од граѓаните

Од 24 јули повторно продолжува целосната примена на Законот за извршување – 30 дена по престанувањето на вонредната состојба, информираат од Комората на извршители.

Согласно Уредба со законска сила за примена на Законот за извршување за време на вонредна состојба (Службен весник бр. 86 од 01 април 2020 година), беше предвидено дека Законот за извршување нема да се применува до 30 јуни. Потоа, со измени на Уредбата беше предвидено дека Законот за извршување нема да се применува „заклучно со истекот на 30 дена по престанувањето на вонредната состојба“.

Од Комората посочуваат дека важењето на последната Уредба е уште 30 дена по престанувањето на вонредната состојба, која заврши на 23 јуни. Според тоа, од 24 јули продолжува целосната примена на Законот за извршување.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…