Регистрирани 120 новозаразени од КОВИД-19 во изминатото деноноќие


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Нови 120 случаи на Ковид-19 се регистрирани во изминатите 24 часа, информира Министерството за здравство. Направени биле 954 тестирања, а регистрирани се во: Скопје-64, Куманово-4, Дебар-4, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-14, Струга-5, Битола-3, Охрид-7, Гостивар-2, Македонски Брод-1, Свети Николе-2, Кичево-5, Ресен-5.

Институтот за јавно здравје регистрирал 123 оздравени пациенти од: Скопје-17, Куманово-92, Штип-2, Прилеп-1, Тетово-4, Велес-1, Кичево-1, Ресен-5.
Во ГОБ „8 Септември“ починале 4 лица од Скопје на возраст од 51, 56, 58 и 67 години.

Со овие податоци вкупната бројка на дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.454 Од нив 2.598 оздравеле, 306 починале, а во моментов бројот на активни случаи изнесува 3.550. Досега во земјата се направени вкупно 61.727 тестирања за Ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот. Ова се бројките по градови:

– Скопје 3.134, активни 2.049
– Куманово 760, активни 211
– Дебар 96, активни 44
– Штип 347, активни 160
– Прилеп 263, активни 37
– Тетово 714, активни 394
– Струга 225, активни 140
– Велес 186, активни 40
– Битола 54, активни 20
– Охрид 174, активни 150
– Кавадарци 18, активни 12
– Гостивар 122, активни 66
– Гевгелија 10, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
– Струмица 15, активни 10
– Крива Паланка 15, активни 9
– Радовиш 4, активни 0
– Крушево 6, активни 3
– Кочани 69, активни 22
– Пробиштип 19, активни 11
– Демир Хисар 2, активни 1
– Македонски Брод 5, активни 3
– Пехчево 6, активни 3
– Берово 2, активни 0
– Валандово 6, активни 2
– Виница 3, активни 0
– Делчево 1, активни 0
– Кратово 4, активни 1
– Свети Николе 30, активни 26
– Кичево 35, активни 29
– Ресен 108, активни 94
– Неготино 21, активни 10 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)