Home Актуелно Македонија од оваа среда ги отвора двата аеродроми

Македонија од оваа среда ги отвора двата аеродроми

Во објава на Фејсбук, првиот човек на македонското здравство, Венко Филипче, најави дека двата македонски аеродроми, скопскиот и охридскиот, ќе бидат отворени од оваа среда.

„Протоколот е направен по сите светски стандарди. Целосно се почитуваат принципите за дистанца, задолжително носење маска, а на многу места во зградата се поставени места за дезинфекција на рацете. Во зградата ќе може да влегуваат само патниците, со што значајно се намалува ризикот од гужва. Ова е одличен модел и големо олеснување во целиот процес што значи чекирање карта, багаж итн. Поставена е термална камера на влез од ТАВ, а ние ќе продолжиме по истиот систем на скрининг, како што почнавме пред повеќе месеци на патниците кои доаѓаат. И понатаму ќе функционира собата за изолација, доколку некој патник е со покачена температура“, стои во најавата која ја објави Филипче.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…