Home Актуелно Болничарка ги криела симптомите од КОВИД-19 и заразила шест свои колешки на гинеколошко одделение во Прилеп

Болничарка ги криела симптомите од КОВИД-19 и заразила шест свои колешки на гинеколошко одделение во Прилеп

Болничарка во акушерско-гинеколошкото одделение во Прилеп ги криела симптомите од КОВИД-19 кои ги имала и продолжила со нив да оди на работа, па инфицирала уште шест свои колеги со кои што работела, други болничарки и медицински сестри.

По нејзина хоспитализација, извршено е тестирање и потврдено дека уште 6 други вработени се позитивни на корона вирусот.

„Точна е информацијата дека во овој оддел има заболени лица од ковид-19. Дополнително ќе информираме за другите мерки што ќе бидат преземени. Во последните 24 часа евидентирани се 7 новозаболени во градот, од нив 4 од гинеколошкиот оддел“, потврдуваат од Центарот за јавно здравје во Прилеп.
Бројот на новозаболени во Прилеп почнува да расте. Пред два дена се евидентирани 4 нови случаи, а во петокот двајца заболени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…