Home Актуелно Нови 163 случаи на коронавирус во Македонија во последните 24 часа

Нови 163 случаи на коронавирус во Македонија во последните 24 часа

Во последните 24 часа се направени 1074 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19.

– Скопје 70
– Куманово 2
– Дебар 6
– Штип 14
– Прилеп 2
– Тетово 25
– Струга 4
– Велес 2
– Битола 1
– Охрид 9
– Кавадарци 3
– Гостивар 11
– Струмица 1
– Крива Паланка 2
– Кочани 3
– Свети Николе 4
– Ресен 4

Во ГОБ „8 септември“ починаа три лица, пациент од Ресен (42г) хоспитализиран на 13 јуни и двајца пациенти од Скопје (71г) хоспитализиран на 15 јуни и пациентка (83г) хоспитализирана на 23 јуни.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 40 оздравени пациенти.

– Скопје 6
– Куманово 1
– Штип 16
– Прилеп 1
– Тетово 9
– Велес 2
– Битола 1
– Гостивар 2
– Кочани 1
– Ресен 1

Досега во земјата се направени вкупно 56.809 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5758, бројката на оздравени пациенти е 2206, на починати е 268, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3284.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…