Home Актуелно Талат Џафери го потпиша решението за распишување на предвремени парламентарни избори

Талат Џафери го потпиша решението за распишување на предвремени парламентарни избори

Собранискиот претседател во заминување, Талат Џафери, објави дека синоќа го потпишал Решението за изменување и дополнување на Решението за распишување на предвремените
избори на 15 јули.

Истото е архивирано и пратено до Државната Изборна Комисија (ДИК), до Министерството за надворешни работи (МНР) и Министерството за правда со што се запазуваат роковите за деновите утврдени во Уставот, се наведува во соопштението на собранискиот претседател во заминување, Талат Џафери.

„Со оглед дека наметнатите и неприродни услови со Ковид-19 го одложија спроведувањето на предвремените парламентарни избори на 12 април, сега имаме нова ситуација. Како што е веќе познато, политичките лидери во Република Северна Македонија постигнаа договор за консензуален датум на избори на 15 јули. Овие избори ќе бидат невообичаени по тоа што ќе нема вообичаена изборна кампања, меѓутоа, она што е поважно и на кое ќе мора сите да се придржуваме на најдисциплиниран начин се мерките и препораките на Министерството за здравство, со цел да се заштити здравјето и животот на граѓаните“, порача Џафери во дописот до јавноста.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…