По излегувањето од Инфективна, Зекири порача: „Оние кои не веруваат дека КОВИД-19 постои, крајно време е да се освестат“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири, по напуштањето на Клиниката за инфективни болести, на Фејсбук објави со неговото семејство се дома, како што вели, живи и здрави.

Зекири им се заблагодари на докторите и медицинскиот персонал од Клиниката кои биле со нив, како што вели, во најтешките времиња и 24 часа во служба на хоспитализираните пациенти.

„Искрено посакувам ниту еден од вас да не мора да помине низ тоа што го поминав јас со моето семејство. Тоа не би му го посакал ниту на мојот најголем непријател. На оние кои и натаму мислат дека вирусот не постои и сѐ уште имаат несериозен пристап кон КОВИД-19, сакам да им порачам дека е крајно време да се освестат“, напиша Зекири на Фејсбук.

Вчера, и директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска соопшти дека по два негативни теста на коронавирус, се враќа на секојдневните обврски.

На 31 мај беше соопштено дека пратеникот Зекири е позитивен на коронавирус, а утредента вирусот беше потврден и кај Лукаревска. Поради средби со нив, во двонеделна самоизолација беа министрите Дамјан Манчевски и Мила Царовска.