Home Актуелно Променлив и врнежлив четврток

Променлив и врнежлив четврток

Денешниот ден во Македонија носи променливо облачно со повремени врнежи од дожд, попладне со ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, особено изразен вдолж Повардарието.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 19 Целзиусови степени, Маврово 13, Охрид 17, Битола18, Крива Паланка и Берово 15, Кавадарци 21, Дојран 23.

Временската прогноза за утре е променливо облачно со сончеви периоди и со локални врнежи од дожд. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилување на ветерот. Дневните температури ќе се движат од 15 до 25 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…