Home Актуелно Лидерската средба кај претседателот Пендаровски закажана за 12 мај

Лидерската средба кај претседателот Пендаровски закажана за 12 мај

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со обвинувања дека владејачката СДСМ калкулира и оставаат простор во спорот со Бугарија за и натаму да тргуваат со македонските национални интереси, објави дека лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски ќе се одржи на 12 мај.

Останува на ставот дека сега не е време за избори, туку за справување на последиците со пандемијата од коронавирусот и во здравствена, но и во економска смисла, иако, како што вели, нема дилема дека кога и да се одржат изборите, ВМРО-ДПМНЕ ќе победи.

Според него актуелната власт лошо се справува со економските последици предизвикани од кризата со коронавирусот. Убеден е дека потежок економски период доаѓа во наредните месеци.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…