Home Вебкафе Се почести со нов BMW M5 – го искрши пет минути по купувањето

Се почести со нов BMW M5 – го искрши пет минути по купувањето

Газда на „ганц“ нов BMW M5 целосно го искршил новиот автомобил после само 5 минути од напуштањето на продажниот салон на застапникот за BMW, а овој случај стана вирален хит на социјалните мрежи.

Нема многу детали за незгодата, но судирот веднаш стана вирална сензација откако на Фејсбук беа постирани фотографии и видео од резултатот.

Судирот наводно се случил во Балтимор, Мериленд, САД, откако друг автомобил странично го поткачил новиот BMW. По ова наводно возачот на М5-ката изгубил контрола и удрил во бандера.

Што и да се случило, М5-ката претрпела значителна штета и целиот преден дел бил уништен во судирот. Иако на предниот дел е главниот дел од штетата, може да се забележат и свиткани задна врата и крило. Тука бил најверојатно првичниот контакт со другото возило кога сѐ тргнало во лоша насока.

Во инцидентот нема повредени, но дефинитивно бил лош ден за сопственикот на BMW кое има само 11 километри на мерачот.

М5-ката најверојатно била осигурена, а во САД таа чини 102.700 долари. Има твинтурбо 4,4-литарски V8 кој дава 592 коњски сили, благодарение на кои спортскиот седан до 100 км/ч стигнува за 3,4 секунди и продолжува до максималната брзина од 305 км/ч.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…