Home Актуелно Променлива и облачна среда

Променлива и облачна среда

Последната среда во месец март за оваа година во Македонија носи променливо облачно време. Во претпладневните часови ќе има повремени врнежи претежно од снег, а кон крајот на денот на места ќе има врнежи од дожд.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до два степени, а дневната температура ќе се движи од еден до 10 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, претпладне со повремени врнежи претежно од снег, а кон крајот на денот на места ќе има врнежи од дожд.

Утринската температура ќе достигне до нула степени, а дневната температура ќе достигне до шест степени. Маврово 1, Охрид 5, Битола 6, Крива Паланка 4, Берово 3, Кавадарци 9, Дојран 10.

До сабота ќе се задржи променливо облачно со повремени врнежи, кои заради затоплувањето ќе бидат претежно од дожд.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…