Home Живот и здравје Една петтина од светската популација на човештвото во изолација поради коронавирусот

Една петтина од светската популација на човештвото во изолација поради коронавирусот

Една петтина или над една и пол милијарда луѓе ширум цел свет добија апел или наредба за домашна изолација заради епидемијата на коронавирусот.

Истовремено, низ САД и Европа трае потрагата по заштитни маски, респиратори и друга медицинска опрема.

Во почетокот на новата недела на борбата против пандемијата, директорот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус ги повика државите да преземат силна координирана акција за да се сопре ширењето на вирусот: „Ние не сме беспомошни набљудувачи. Можеме да ја смениме траекторијата на пандемијата“.

Зараза со коронавирусот ковид-19 до сега е потврдена кај повеќе од 373.000 лица низ светот, од кои умреа над 16.300.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Луѓето со оваа крвна група се под поголем ризик од срцеви заболувања

ОВА КРВНА ГРУПА Е ПОВЕЌЕ ИЗЛОЖЕНА НА РИЗИК ОД СРЦЕВИ ЗАБОЛУВАЊА Вашата крвна група влијае …