Home Вебкафе Се расплакала над празните полици во маркетите во Австралија

Се расплакала над празните полици во маркетите во Австралија

Насекаде во светот, поради пандемијата на коронавирусот и мерките кои се преземаат за спречување на истата, во големите маркети луѓето панично купуваат сè што можат без марка и чувство за тоа колку им е потребно, а колку тоа влијае на другите луѓе најдобро е илустрирано со фотографијата објавена од австралискиот новинар Себ Костело.

На Твитер, тој објави фотографија од една постара жена, која расплакана стои пред празните полици во продавница каде не останало храна за неа.

„Напладне денес во Мелбурн. Празни полици. Ми кажаа дека таа е целата во солзи. Ова покажува кој е најпогоден од овој непотребен тренд на панично купување. Ова мора да запре“, напиша тој со фотографијата.

Фотографијата ги растажи многу негови следбеници.

„Ова навистина ми го скрши срцето. Старите луѓе го дале своето за општеството, зошто да не се грижиме за нив?? Ќе бидеме како нив пред да сфатиме. Бидете рационални, ве молиме внимавајте на најранливите“, напишал еден корисник.

„Плачам поради оваа фотографија“, додаде друг.

„Оваа фотографија совршено го прикажува сето ова лудило“, беше друг коментар.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

5 суптилни знаци дека вашиот коефициент на интелигенција е над просекот

5 СУПTИЛНИ ЗНАЦИ ДЕКА ИМАТЕ IQ НАД ПРОСЕКОТ Во секојдневието исполнето со брзина, предизви…