Home Живот и здравје Финска за пример: Ќе го продолжи платеното породилно отсуство на татковците

Финска за пример: Ќе го продолжи платеното породилно отсуство на татковците

Најмладата премиерка на светот, 34-годишната Сана Марин, на чело на Владата на Финска, планира измени на законот со кој двојно ќе се зголеми должината на платеното породилно отсуство за татковците.

Со овие законски одредби и татковците и мајките ќе имаат еднакво право на платено породилно отсуство, соопштија денеска властите во Хелсинки.

Новата Влада, составена од пет парламентарни партии предводени од жени, планира да го удвои времето на платено породилно отсуство на татковците за своето прво дете на седум месеци, исто како за мајките.

На бремените жени дополнително ќе им биде овозможено едномесечно породилно отсуство од работа непосредно пред терминот за раѓање.

Министерката за здравство и социјални прашања Аино Каиса Пеконен појасни дека целта на овие „радикални реформи“ е истовремено да се подобри родовата рамноправност и да се зголеми наталитетот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Што се случува со крвниот притисок ако секој ден пиете сок од портокал?

Што се случува со притисокот ако секој ден пиете сок од портокал? Крвниот притисок зависи …