Home Актуелно Судењето за „ТНТ“ почна одново – Трајковски се појави на суд

Судењето за „ТНТ“ почна одново – Трајковски се појави на суд

Судењето за “ТНТ” почна од почеток, заради сменети поротнички. Повторно беше одлучено на Груевски да му се суди во отсуство, кој по службена должност го има Мехмет Сефери, пренесува Телма.

Обвинетиот Миле Јанакиевски кажа дека има измени кај него, од минатиот пат кога оставил податоци дека сега е невработен.

Тони Трајковски овој пат се појави во судницата и се пожали дека не е во добра здравствена состојба а неговиот адвокат доставил медицинска документација во која доктор препорачал терапија и заради тоа не може да присуствува на судски процес.

Трајковски кажа дека бил на боледување и дека според него ќе излезе дека не оди на работа а на суд оди.

Судијата одговори: ова колку што се разбирам од медицина не е страшно и така се собравме сите да дојдеме до воведни зборови.

Обвинителот Бурим Рустеми побара раздвојување на постапката за Тони Трајковски а неговиот адвокат Страшевски не се согласи со овој предло, велејќи дека за 10-тина дена ќе биде во подобра состојба.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…