Home Актуелно НАСА предупредува: Чадот од Австралија ќе го обиколи целиот свет

НАСА предупредува: Чадот од Австралија ќе го обиколи целиот свет

НАСА предупредува дека чадот од големите пожари кои ја зафатија Австралија ќе направи барем еден цел кру околу светот и повторно ќе се врати во Австралија.

Во НАСА го анализирале чадот и аеросолите кои доаѓаат од пожарите во Австралија. Тие забележале дека чадот од крајот на декемвери ја пропатувал половина планета и влијаел на воздухот во другите земји, пренесува „Си-ен-ен“.

 

„До 8. Јануари чадот ја помина половина земја и дојде до Јужна Америка. Во оваа област предизвика магловите небо и разнобојни зајдисонца“, соопштија од НАСА и потенцираат дека чадот сериозно ќе влијае на квалитеотт на воздухот.

Инаку во Австралија веќе подолго време беснеат големи пожари и до сега уништени повеќе од 3000 домови, настрадаа голем број животни, а загинаа и најмалку 28 лица.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…