Home Актуелно Викенд временска прогноза

Викенд временска прогноза

Вториот викенд во 2020 година носи зголемена облачност и умерен северен ветер. Утре на пониските места ќе има повремен локален дожд, а на планините снег, најавуваат од Управата за ходрометеоролошки работи.

Поради спуштање на постудена воздушна маса во ноќните часови кон недела и во недела претпладне врнежите наместа ќе преминуваат во снег и ќе бидат со послаб интензитет. Потоа ќе се задржи стабилно време со услови за појава на магла по одделни котлини.

Времето денеска претежно сончево и тивко. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и тивко, со температура до 8 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…