Home Актуелно Петочна и викенд временска прогноза

Петочна и викенд временска прогноза

И овој петок ќе имаме стабилно, сончево и студено време. За време на викендот ќе има зголемена облачност со умерен северен ветер.

На некои пониски места ќе има појава на слаб дожд, а на планините слаб снег. Потоа ќе се задржи стабилно време со услови за појава на магла по одделни котлини.

Минимална температура во сабота ќе се движи од -7°C до 2°C, а максимална температура од 5°С до 12°C. Времето ќе биде променливо облачно, попладне со локален слаб дожд, на планините слаб снег. Ќе дува умерен северозападен ветер.

Во недела ќе имаме минимална температура од -4°C до 4°C, а максималната температура ќе се движи од 4°C до 10°C
Променливо облачно, претпладне со услови за слаб дожд на некои пониски места и слаб снег на планините. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне облачноста ќе се намали.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…