Home Актуелно Иран порача: Завршивме со одмаздата за Солејмани – нема да преземаме други мерки

Иран порача: Завршивме со одмаздата за Солејмани – нема да преземаме други мерки

Маџид Тахит-Раванчи, ирански амбасадор во Обединетите нации, апелираше дека Иран ја заврши одмаздата за убиството на генералот Касим Солејмани и нема да презема нови воени активности, освен ако не се случи американска агресија.

„Нашата акција беше пропорционална на убиството на Касим Сулејмани. Нашата акција е завршена. Ако Американците не дејствуваат воено против Иран, што се однесува до нас, нема да напаѓаме“, одговори Taхт-Раванчи на прашањето на ТАСС за реакцијата на Техеран на изјавата на претседателот на САД, Доналд Трамп.

Трамп рече дека САД се подготвени за мир со Иран, но исто така најави и нови, построги санкции кон Техеран.

Иранскиот дипломат додаде дека Техеран дејствувал во согласност со членот 51 од Повелбата на ООН за правото на самоодбрана.

„Но, ако решат да дејствуваат воено, Иран нема да има друг избор освен да одговори“, додаде тој.

Иран изврши ракетни напади врз две бази со американски трупи во Ирак како одговор на американското убиство на генералот на револуционерната гарда Касим Солејмани.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…