Home Актуелно Денес во Истанбул свечено пуштање на гасоводот „Турски тек“

Денес во Истанбул свечено пуштање на гасоводот „Турски тек“

Со свечена церемонија во Истанбул, Реџеп Тајип Ердоган и Владимир Путин денес официјално во функција ќе го пуштат гасоводот „Турски тек“, кој ќе го транспортира рускиот гас во Турција и преку Турција во Европа.

На церемонијата што ќе се одржи во Конгресниот центар „Халич“ се очекува да присуствуваат претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, и рускиот претседател, Владимир Путин.

Градежниот процес на гасоводот „Турски тек“, што се состои од две линии од 935 километри кои се протегаат од рускиот град Анапа до турскиот град Кијиќој, е завршен. Компресорската станица „Рускаја“, која се наоѓа во Анапа, и терминалот „Кијиќој“, исто така, се завршени, информира агенцијата.

Гасоводот „Турски тек“, кој директно ќе го пренесува рускиот гас во Турција, од 31 декември 2019 година е подготвен за проток.

Секоја линија на гасоводот „Турски тек“ одделно има капацитет од 15,75 милијарди кубни метри гас, што претставува вкупен капацитет од 31,5 милијарди кубни метри гас. Првата линија ќе обезбедува проток на гас за Турција, а од втората линија, што има ист капацитет, гасот ќе се пренесува во Европа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…