Home Вебкафе Е ова се вика СИЛЕН ветар

Е ова се вика СИЛЕН ветар

Невремето кое ја зафати американската сојузна држава Колорадо беше проследено со толку силни ветришта, што еден голем камион за испорака со приколка од „Амазон“ не можеше да се одржи во стабилна возечка состојба на автопатот.

Опасноста од возење при силен ветер најдобро можеше да се види во средата наутро во северен Колорадо. Снимателот на CBS News возел зад камионот за испорака на „Амазон “ кога тој изгубил контрола и се преврте меѓудржавниот автопат 25, во близина на границата на Колорадо со Вајоминг.

Несреќата се случила околу 9:30 часот наутро. Одделот за транспорт во Колорадо подоцна ги затвори северните патни правци во Велингтон, северно од Форт Колинс, поради силниот ветер и лошото време во Вајоминг.

Националната метеоролошка служба во Болдер издаде предупредување за силен ветер во областа до 17 часот вчера попладне со ветрови до 100 км / ч и налети од ветар до 130 км / ч.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…