Home Актуелно 47 сообраќајки и едно загинато лице во Скопје изминатиов викенд

47 сообраќајки и едно загинато лице во Скопје изминатиов викенд

Вкупно 47 сообраќајни незгоди биле регистрирани во Скопје изминатиот викенд, во кои животот го загуби еден пешак.

Возач на патничко моторно возило и сопатник биле тешко повредени во две сообраќајки, а 30 лица се здобиле со полесни повреди во случени 38 сообраќајки. Во 14 сообраќајки била причинета материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека викендов сообраќајната полиција санкционирала двајца возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај исклучила шест возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и шест возачи пред да се стекнат со право на управување моторно возило, како и шест нерегистрирани возила.

Санкционирани биле тројца возачи кои поминале на крстосница на црвено светло и тројца возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, како и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин.

Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 162 возила.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…