Home Актуелно НАТО е клучно за Германија: Според Меркел, Европа не може сама да се брани

НАТО е клучно за Германија: Според Меркел, Европа не може сама да се брани

После интервјуто на францускиот претседател Емануел Макрон за „Економист“, кое го даде на почетокот од овој месец, а во кое изјави дека „НАТО клинички мртов“, германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека за Германија е клучно одржувањето на Алијансата. Таа додаде дека тоа е важно оти Европа не може сама да се брани.

„Одржувањето на НАТО денес е повеќе во наш интерес отколку што беше за време на Студената војна или барем е исто толку важно како тогаш“, им рече Меркел на пратениците во германскиот парламент.

Таа ја повтори изјавата на германскиот министер за надворешни работи, Хаико Мас, кој рече дека Европа во моментов не може сама да се брани.

Оправдано може да се каже дека НАТО е живо, рече Мас и додаде дека НАТО останува клучно за безбедноста во иднина и дека мора и понатаму да се развива.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…