Со 1,5 милион евра ќе се обновува патот од Старо Нагоричане до граничен премин Пелинце


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Со тековната реконструкција на делницата од Пелинце до граничниот премин Пелинце ќе се заокружи рехабилитацијата на целата патна инфраструктура во делот на општините Куманово, Нагоричане и Ранковце.

„Патната и железничката инфраструктурата се приоритет број еден на оваа Влада. Овде минува европскиот Коридор 8 и инвестициите што ги реализираме превенствено се насочени за развој на Коридорот кој за нас е стратешки патен правец“, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески при денешната работна посета на општина Старо Нагоричане.

Во делот на патната инфрастуктура, истакна, Сугарески, во ек е силна градежна активност. -Конкретно општина Старо Нагоричане завршивме со рехабилиатција на патниот правец до Пелинце. Во овој момент се работи на рехабилитација од Пелинце до граничниот премин што е особено многу важен за сите населени места и граѓани што гравитираат тука, а ги има преку 4.500 граѓани. Вкупната инвестиција е 1,5 милиони евра. Исто така реконструирани се и неколку други регионални правци во Куманово и кумановско, кон Ранковце, така да ќе ја заокружиме целата патна инфраструктура во овој регион, рече Сугарески.