Трагикомично: Разбојник ограбува супермаркет, муштерија краде од разбојникот (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Безбедносните камери од еден супермаркет во Јужно Африканската Република фатија интересна, трагикомична ситуација, во моментот кога еден разбојник вршеше грабеж на касата од супермаркетот.

На видеото се гледа вооружено лице кое им се заканува на двајца вработени со огнено оружје. Вработените му даваат пари, а тој ги става во торба.

Но, за време на грабежот, некои од банкнотите паднале на подот, а еден муштерија започнал да ги собира. Купувачот бргу се оддалечи од разбојникот и исчезна од надзорните камери, пренесува Скај њуз.

Синџирот за супермаркети Усаве соопшти за порталот „Јужна Африка 24“ дека грабежот се случил на 15 октомври во една од продавниците на северот од провинцијата Гаутенг.

„Ниту еден од нашите вработени не беше повреден за време на грабежот, а биле дадени и советувања и помош при траума“, велат од компанијата.