Home Актуелно Променливо време

Променливо време

Денес во Македонија ќе преовладува променливо и облачно време. Во текот на денот во западните делови ќе има појава на повремен дожд.

Во вечерните и ноќните часови врнежите ќе се прошират и во останатите делови и ќе се интензивираат. Ќе дува умерен, во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од пет до 11, а дневната осум до 19 Целзиусови степени.

Во Скопје променливо облачно, попладне со врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 14 степени. Во Маврово 9, Охрид 14, Битола 15, Кавадарци 17, Крива Паланка 14, Берово 13, Дојран 19 степени.

До сабота ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, позастапени во западните и северните делови. Во петок ќе дува засилен ветер од југозападен правец, во сабота ќе го промени правецот во северозападен и ќе предизвика опаѓање на температурите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…