Home Актуелно Анонимен купувач купи дел од гигантот Газпром за речиси 3 милијарди долари

Анонимен купувач купи дел од гигантот Газпром за речиси 3 милијарди долари

Рускиот гигант Газпром објави извршиле продажна трансакција на 3,6 отсто сопственички удел во компанијата, на купувач чиј идентитет остана анонимен, од што нивната заработка изнесува скоро 3 милијарди долари.

Агенциите пренесуваат дека акциите се продадени преку подружница на Газпром, со попуст од 11 отсто во однос на џцената на затворањето на пазарите минатата среда.

Учеството од 3,6 отсто го сочинуваат трезорски акции кои се продадени по цена од 220,72 рубљи по акција, што значи дека компанијата остварила приход од 187,7 милијарди рубљи (2,95 милијарди долари).

Руската компанија во слична трансакција во јули продаде 2,9 отсто од сопственичкиот удел, со попуст од пет отсто, за 2,2 милијарди долари.

Иако Газпром не е должен да ги објави имињата на купувачите бидејќи се купени акции од помалку од пет отсто, податоците на Московската берза покажуваат дека во најновата трансакција акциите ги купил само еден купувач, пренесува Ројтерс.

Во Газпром не одговориле на прашањето на британската новинска агенција за коментар на информацијата за продажбата на акциите.

„Најважниот резултат на двете трансакции е во тоа што во новата акционерска структура се појавија нови акцинери со вкупно учество од 6,5 отсто“, пишува во соопштението до клиентите на Сбербанк.

„Не е сигурно дека новите инвеститори се стратегиски, иако вкупниот износ на инвестирањата од 5,1 милијарда упатува на заклучок дека се“, се додава во соопштението на Сбербанк.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…