Home Актуелно Од полноќ нови цени на горивата – еве ги ценовните промени

Од полноќ нови цени на горивата – еве ги ценовните промени

Со најновата ценовна корекција на горивата од страна на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ стапуваат на сила новите цени за бензините и дизелот.

Цените на „Еуросупер БС-95“ и „Еуросупер БС-98“ се зголемуваат за половина денар за литар, а на дизелот се намалува за еден денар, одлучи Регулаторна комисија за енергетика.

Од ноќеска на полноќ малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ изнесува 68,50 денари за литар, додека малопродажната цена на „еуросупер БС-98“ изнесува 70,50 денари за литар.

Малопродажната цена на дизелот пак ќе изнесува 61 денари за литар.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…