Home Актуелно Петочна временска прогноза

Петочна временска прогноза

Овој петок, 22 ноември, во Македонија ќе имаме сончево време со умерена облачност, по одделни котлини со утринска магла. Повеќе облачност ќе има во источните делови каде ќе има и повремен дожд.

Дневните температури ќе бидат во Скопје и Дојран 16 Целзиусови степени, Маврово 10, Охрид, Битола и Кавадарци 15, Берово 11, Крива Паланка 12.

И утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, по одделни котлини со утринска магла. Во крајните источни делови ќе има услови за повремен дожд. Дневните температури ќе бидат слични како и денешните.

В недела ќе имаме променливо облачно, во јужните делови со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Дневните темепратури ќе се движат од 11 до 16 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…