Home Спорт Мурињо сака да го врати Бејл во Тотенхем

Мурињо сака да го врати Бејл во Тотенхем

Новиот менаџер на Тотенхем, Жозе Мурињо веќа ја поставил првата трансфер цел пред раководството на „спарси“, пренесуваат англиските медиуми.

Имено, Мурињо сака по секоја цена да го врати Герет Бејл во клубот каде ја доживеа својата фудбалска афирмација.
Велшанецот играше за Тотенхем од 2007 до 2013 година, а потоа беше продаден во Реал Мадрид за тогаш рекордни 100 милиони евра.

Бејл не поминува добар период во Мадрид бидејќи е во лоши односи со тренерот Зидан и навивачите, па готово сигурно ја игра последната сезона за „кралевите“.

30-годишниот фудбалер е отворен за враќање во Премиер лигата, па Мурињо сака да ја искористи таквата ситуација.
Сепак, тоа сигурно нема да се случи во јануари, бидејќи според информациите на „Гардијан“ на Мурињо му било соопштено дека клубот нема да носи засилувања во зимскиот преоден рок.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…