Home Актуелно Казна од една година затвор за газдите кои нема да исплатат К-15 на вработените

Казна од една година затвор за газдите кои нема да исплатат К-15 на вработените

Една година затвор предвидува законската одредба за газдите кои нема да им исплатат К-15 на своите вработени на крајот од годината.

До крајот на годинава, работодавците имаат обврска да исплатат регрес за годишен одмор, односно К-15.  Државниот пазарен инспекторат е задолжен да проверува дали сите компании ќе го сторат тоа, или некои ќе се обидат да го избегнат, често и преку исплата на регресот за годишен одмор, а потоа барање работниците да ги вратат назад парите.

Како се наближува крајот на годината претставките од вработените се се почести, иако се очекува дека „пикот“, односно најголемиот број дојави на адреса на инспекторатот ќе стигнат на почетокот на идната година, од оние вработени кои не го добиле регресот.

Завчера Сојузот на синдикатите излезе со сооштение со кое повикува работодавачите од приватниот сектор да испалат К-15.

„За неодговорните работодавачи кои не исплаќаат регрес за годишен одмор или бараат од работниците да ги вратат исплатените средства по овој основ, кривичниот закон предвидува затворската казна до 1 година“ – наведува Сојузот на синдикатите во соопштението.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…