Home Спорт Неверојатно: Куртоа прими 12 гола, а одбранил само 11 шута!

Неверојатно: Куртоа прими 12 гола, а одбранил само 11 шута!

Реал Мадрид оваа сезона игра слабо, а една од главните причини за слабите резултати на „кралевите“ е сигурно голманот Тибо Куртоа.

Едноставно е несватливо како голман од светска класа има повеќе примени голови, отколку одбранети шутеви.

Имено, Куртоа оваа сезона настапи на 9 меча на кои прими 12 гола, а уште по изненадувачки звучи фактот дека успеал да одбрани само 11 шутеви.

27-годишниот Куртоа во Челзи бранеше одлично како и за белгиската репрезентација. Беше избран за најдобар голман на Мундијалот 2018 година, но во Мадрид е само бледа сенка.

Статистиката најдобро покажува во каква форма е Белгиецот оваа сезона!

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…