Home Спорт Пеколен маратон во Доха, 28 учеснички се откажаа, славеше Рут Чепнгетич

Пеколен маратон во Доха, 28 учеснички се откажаа, славеше Рут Чепнгетич

Рут Чепнгетич од Кенија го освои првиот златен медал на Светското првенство во Доха откако успеа да победи во една од најтешките маратонски трки во историјата на атлетиката.

Маратонот се трчаше во вечерните часови по неверојатни временски услови, на 33 степени Целсиусови и влажност на воздухот од 73%.

Чепнгетич прва мина низ целта со време од 2:32.43 часа. Ова е без конкуренција најлошиот победнички резултат постигнат на светските првенства. Сепак успехот на Кенијката е огромен бидејќи поради временските услови трката не ја завршија 28 атлетичарки.

Зад неа заврши Рос Челино (доцнеше 63 секунди), додека пак третото место и припадна на Хеталија Јохансен од Намибија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…