Home Актуелно Газдите во Охрид сами покрај езеро си ги рушат дивоградбите (фото)

Газдите во Охрид сами покрај езеро си ги рушат дивоградбите (фото)

Откако утринава на терен заедно излегоа полиција, општински инспектори и работници од јавните претпријатија со цел да интервенираат на дивоизградените објекти на охридското градско крајбрежје, газдите од угостителските објекти сами почнаа да си ги уриваат бесправно изградените платформи и објекти.

Сопствениците на ресторанот „Момир“ и кафулето „Ликвид“ денеска побарале сами да ги урнат дивоградбите кои задираат во водите на Охридското Езеро, по што даден им е разумен рок на своја рака да започнат со активностите, откако утрово се изведуваа подготовки за уривање од страна на општината.

Од општината велат дека во текот на викендот ќе вршат инспекција и доколку сопствениците не го почитуваат сопственото барање, ќе руши општината, а ќе треба да платат сопствениците.

Ваквиот пример следи по сопственикот на угостителскиот објект „Аквариус“ кој одлучи самиот да ја отстрани платформата пред неколку дена.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…