Изјава на директорот на „8 Септември“ за вчерашниот напад на лекари во болницата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес, со изјава за медиумите, во врска со синоќешниот инцидент кој околу 23 часот се случил во болницата „8 Септември“, излезе и директорот на болницата.

Тој изјави дека вчера, кај 23 часот, во одделот за Интензивна нега на градската болница „8 септември“ дошло до вербален напад врз дежурните лекари, од роднини на пациент којшто починал, поради што интервенирала и полицијата.

Директорот на „8 септември“ Христијан Костов изјави дека се работи само за вербален напад, не и физички, но сепак смета дека ова мора да се спречи во иднина.

„Се работи за 67 годишен пациен кој бил примен вчера околу 14 часот во болницата на кого му бил пружен соодветен третман. Но поради лоштата состојба, срцеви проблеми, хронична болест, хемодијализа, тој околу 23 часот починал. Кога биле известени за смртта, семејството на пациентот започнало вербален конфликт со дежурниот пациент на Одделот за Интензивна нега, по што дошла полицијата и телото било земено од семејството и зинесено од болницата“, рече Костов.

За тоа како роднините успеале да дојдат до Одделот за Интензивна нега, Косотов рече дека тие тоа насилно го направиле, бидејќи биле поголема група од 5-6 луѓе, а со нив дошло и обезбедувањето, кое веднаш повикало полиција. За деталите постои записник во полицијата.

Во врска со причините за вербалниот напад, Косотов рече дека не се конкретни, и додде дека самиот момент на соопштување на вест за смрт на близок, секој различно ја прима. Но нагласи дека кога се работи за здравстевна институција реакцијата треба да биде во рамки на закон.

Костов вели дека ваквите случаи на напади се стресни за докотирте и се дел од нивната професија, но се надева дека по серијата состаноци на Владата и Министерството за здравство ќе се најде решение.

Тој утрово го повикал дежурниот персонал, но демантира дека имало протест.

Ова е четврти напад врз медицински персонал овој месец. Минатата недела лекарите излегоа на протест против насилството врз медицинскиот персонал, од кој порачаа дека „оставаат кратко време да се средат работите во овој тектонски изместен здравствен систем, во спротивно ќе започнат со протести кои нема да завршат“.

На протестот беше и министерот за здравство Венко Филипче, кој и самиот е лекар, и кој неколку дена претходно, беше на средба кај министерот Оливер Спасовски на која присуствуваа и претседателката ка Лекарската комора Калина Старделова и претставници од Комората медициските сестри и Здружение на млади лекари и специјализанти на која беше договорено да биде обезбедено професионално обезбедување за најкритичните болници, како што се Ургентниот центар, Клиниките за кардиологија и Токсикологија и за старата градска болница „Свети Наум Охридски“. Исто така екипи на МВР засилено ќе патролираат околу сите болници.