Home Спорт Официјално: Меси повикан за мечот против Дортмунд

Официјално: Меси повикан за мечот против Дортмунд

Лионел Меси е дел од групата играчи на Барселона кои ќе патуваат во Дортмунд за првиот натпревар од Лигата на шампиони.

Капитенот на Барселона денес го одработи вториот целосен тренинг со остатокот од тимот. Меси е надвор од терените повеќе од еден месец и се уште нема одиграно ниту една минута оваа сезона.

Аргентинецот веќе два дена одработува целосни тренинзи со остатокот од тимот, па Валверде одлучи да го повика за утрешниот меч со Борусија Дортмунд.

Меѓутоа, тренерот Валверде пред мечот со Валенсија изјави дека повредата на Меси не била наивна, па нема да брза со неговото враќање на терените, што најверојатно ќе значи дека Аргентинецот ќе биде на клупата за резерви.

Ова се сите фудбалер на кои ќе смета Валерде за утрешниот меч со Борусија Дортмунд.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…