Home Актуелно ДОМ: Честит 8-ми Септември – Денот на независноста на Македонија!

ДОМ: Честит 8-ми Септември – Денот на независноста на Македонија!

По повод Денот на независноста честитка упати и партијата ДОМ.

ДОМ на сите граѓани им го честита државниот празник 8-ми Септември – Денот на независноста на Македонија! Оваа година одбележуваме 28 години од нашето осамостојување, горди на нашето минато и со стремеж за просперитетна европска иднина. Остануваме цврсто посветени на реализирање на нашиот стратешки приоритет за независна македонска држава, интегрирана во НАТО и ЕУ. Со заокружувањето на процесот за полноправно членство во НАТО се обезбедува стабилноста и просперитетот на нашата држава. Очекуваното започнување на преговорите со ЕУ е поттик за понатамошен развој на европските вредности за демократија, правда, почитување на човековите права, социјална правда, одржлив економски развој и зголемен квалитет на живот на сите граѓани.

Нека ни е честит Денот на независноста на Македонија!

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…