Home Актуелно Maрко после обидот да исплива 64 километри се огласи и испрати силна порака

Maрко после обидот да исплива 64 километри се огласи и испрати силна порака

Малиот херој од Охрид Марко вчера се обиде направи нешто што е тешко дури и за возрасни професионални маратонци, а не пак за едно 13 годишно дете.

Марко се обиде да исплива маратон од 64 километри: Охрид – Св.Наум – Струга – Охрид, но се откажа после испливани скоро 12 километри и нешто помалку од пет часа поминати во охридското езеро.

Дека Марко може повеќе доказ е минатогодишниот подвиг кога ја преплива делницата Св.Наум – Охрид која е долга 30 километри.

После обидот, Марко се огласи преку социјалните мрежи и испрати силна порака.

„Желбата и волјата се крилја за големи дела.
Нашиот Марко имаше силна желба и цврста волја да плива делница која е вистински предизвик за професионалните маратонци, а не за еден тринаесетгошник. Сепак, поради силни болки во ногата беше приморан да го прекине соло маратонот во должина од 64 километри кој го посвети на лицата со ретки болести.

Марко измина 4 часа и 49 минути во водите на Охридското Езеро и мина 11 километри и 840 метри.

Утре сите заедно да ја дадеме нашата поддршка, да придонесеме за подигнување на свеста за ЛИЦАТА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ и да бидеме НИЕ тие што ќе ја направат разликата!“, стои во објавата на Марко.

https://www.facebook.com/MarkoPejchinovskiOfficial/posts/2457743467778392

Извор: Спортски.мк

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…