Home Актуелно Стоилковски: Зошто Јанева би жртвувала кариера, моќ, и пари за некои да земат милиони, а таа мебел за 4,5 илјади евра?

Стоилковски: Зошто Јанева би жртвувала кариера, моќ, и пари за некои да земат милиони, а таа мебел за 4,5 илјади евра?

По вчерашната пресконференција на јавните обвинители Јовески и Рускоска на која беше објаснето дека во милионскиот скандал „Рекет“ Катица Јанева била приведена заради примање поткуп – мебел од 4.500 евра, со свој ФБ статус се јави портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Наум Стоилковски. Го пренесуваме во целост:

Јавно го прашувам РЈО Љубомор Јовески:

Зошто Јанева би жртвувала кариера, моќ, статус, иднина и пари за да одработи за некои да земат милиони а таа мебел за 4,5 илјади евра?
Какво е тоа ПОМАГАЊЕ во делото, според Јовески, кога Боки13 ги зема парите за РАБОТА во полза на Камчев ШТО ЈА ИЗВРШУВА ЈАНЕВА И НИКОЈ ДРУГ?

Камчев дал пари Јанева да го ослободи од притвор и гонење. Не Боки 13, делото, работата е на Јанева.

“Помагање” е полесно посебно кривично дело и двоецот Јовески/ Рускоска очигледно сака со таква квалификација да и олесни на Јанева во поглед на казната.

Не може да не се направи споредба со најтешката квалификација Тероризам за случувањата на 27 април, со која двоецот Јовески/Рускоска побара и доби од судот затворска казна од над 200г што ги лежат луѓето!

За тоа немаше елементи, ама имаше најава од власта.
Односот на Двоецот Јовески/Русковска сега кон Јанева го покажува постоењето два аршина на Рускоска/Јовески, во насока на спасување на Јанева.

Сето тоа покажува дека работат по нарачка.
Квалификации од двоецот Јовески/Русковска за Јанева оди во насока за нејзино претставување како Заведена Жртва.
Тоа повеќестрано е штетно затоа што таа е носител на силна функција, надпозиција и моќ што ја прават посебно одговорна. Таа не е сметководител, “помлад референт”, што потпишал нешто по директива, а не разбирал.

Ваков приод и третман каков што даваат Јовески/Рускоска наместо борба, само го зајакнуваат криминалот и корупцијата!
Катица Јанева е СЈО вмешана во највисоките ешалони на Октоподот на Државната Мафија во Рекетот, а не некоја бирократка која е заведена и наместена.

Катица Јанева има функција со која НЕ СМЕЕ да биде наместена од кого и да е!
И таква треба да и биде и одговорноста!
Се друго е фарса и замајување на јавноста!

https://www.facebook.com/naum.stoilkovski/posts/10157223220770499

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…