УЈП ќе ги чешла 1ТВ, Меѓународен сојуз, БМЈ и други физички лица во рамки на „Рекет“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, вчера изјави дека најдоцна до петок од УЈП ќе бидат издадени налози за започнување контроли кај физичките и правните лица поврзани со случајот „Рекет“.

„Ќе постапиме во делот кој се однесува на даноците. До петок би требало да ги дадеме налозите за отпочнување на контролата во Меѓународниот сојуз, 1ТВ, БМЈ груп и сите останати даночни обврзници за кои преку анализите сме утврдиле дека постоеле одредени деловни односи и соработка. Ќе направиме и контрола на сите засегнати физички лица во телата и органите на Меѓународниот сојуз за кои ќе ги утврдиме и исплатите кои се правени“, рече Лукаревска, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во УЈП.

Таа прецизира дека физичките лица ќе бидат контролирани по основ на остварените приходи и по основ на Законот за персонален данок, а останатите даночни обврзници преку ДДВ, данок на добивка, пресметки, деловни односи, задржан данок…

„Преку исплатите што ги правел Меѓународниот сојуз ќе видиме на чија сметка од физичките лица се легнати тие пари и дали воопшто се пријавени. Доколку се утврдат даночни затајувања УЈП ќе започне постапки за потекло на имот“, реле Лукаревска.