Home Актуелно Во полициска акција се апси специјалната јавна обвинителка Катица Јанева

Во полициска акција се апси специјалната јавна обвинителка Катица Јанева

Под присуство на голем број полициски сили пред нејзината куќа во скопската населба Козле, полицијата влезе со налог за апсење на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, пренесува НОВА ТВ.

По наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција, во тек е акција за приведување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

https://www.facebook.com/vecer.mk/videos/476471693132466/

Наскоро се очекува повеќе информации од Обвинителството за организиран криминал каде вчера Јанева беше на распит.
Од  Јавното обвинителство на Република Северна Македонија за 14 часот најавија прес конференција во врска со предметот во јавноста познат како „Рекет“. На пресконференцијата ќе присуствуваат Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески, првиот заменик на републичкиот јавен обвинител Лилјана Спасоска и Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…