Home Спорт Три медали на нашите боксери на Националниот Куп во Врбас

Три медали на нашите боксери на Националниот Куп во Врбас

Македонските натпреварувачи со три медали, по еден златен, сребрен и бронзен, се враќаат од боксерскиот турнир во Врбас 2019, Србија, во кадетската конкуренција.

Најсјајно одличје отиде на градите на Ардијан Аземи кој беше најуспешен во категоријата +80 килограми. Тој во финалето го победи Вишал Гупта од Индија.

Сребрен медал освои Ајхан Озмен, откако во финалето во категоријата до 66 килограми загуби од Султан Бабаханов од Казахстан кој воедно е и првак на Азија.

Третиот македонски боксер со освоен медал е Илхан Озмен кој стигна до бронзениот медал.

На овој престижен турнир што се одржа викендот во Србија, нашата држава беше претставена и од судијата Стефан Цубалевски.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…