Home Живот и здравје Оваа е најлошата поза за водење љубов

Оваа е најлошата поза за водење љубов

Телесните повреди добиени за време на сексуален чин не се никаква новост. Но, сексолозите и други научници кои малку повеќе се позамарале со опасностите за време на „аздисот во кревет“, усогласено ја утврдија најопасната секс поза, врз основа на тоа при која положба за време на водењето љубов најчесто и најмногу се повредувале луѓето.

Имено, дури и во споредба со најлудите пози од Кама Сутра, победник во честите повреди е многу практикуваната „каубојка“, односно позата во која жената е горе.

Според ново истражување, токму оваа поза е главниот виновник за повеќе од 50 отсто од случаите на фрактура на машкиот полов орган. Кај оваа повредна буквално доаѓа до напукнување на органот. Sтанува збор за пукање на мембраната на набрекнатото ткиво на пенисот за која е потребна имобилизација, а во потешките случаи и операција.

Она што е трагично е тоа што голем број на мажи, најчесто поради срам, во случај на таква повреда не бараат помош од лекар на време.

Научниците објаснуваат дека причината за повредите во „каубојката“ е тоа што жената со целата своја тежина го контролира машкиот полов орган и не може да го запре движењето ако дојде до пенетрација на машкиот во женскиот полов орган под крив агол. Таа поради тоа не чувствува никаква болка, што не може да се каже за мажот.

Како најбезбедна поза се наведува мисионерската во која мажот е горе, бидејќи тогаш тој во целост го контролира аголот на пенетрација.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Што се случува со крвниот притисок ако секој ден пиете сок од портокал?

Што се случува со притисокот ако секој ден пиете сок од портокал? Крвниот притисок зависи …